Македонија ги дозна можните противници во квалификациите за ЕП 2025

Македонската кошаркарска репрезентација утрешната ждрепка за квалификациите за Европското првенство 2025 година ќе ја пречека од седмиот шешир со што за можни противници ќе ги добие репрезентациите од вториот, третиот и шесттиот шешир.

Можни противници на „црвено-жолтите“ се Литванија, Грција, Италија и Германија кои се во вториот шешир, Чешка, Полска, Турција и Црна Гора од третиот шешир и Унгарија, Естонија, Холандија и Бугарија од шесттиот шешир.

 

Се вчитува...