Во натпревар без поголема резултатска важност, женската ракометна репрезентација на Македонија денеска (18 ч.) во Ниш и гостува на Србија. Ова е последен натпревар од квалификациите за ЕП 2018 во Франција кој не решава ништо ни за едната ни за другата репрезентација. Србија веќе го обезбеди настапот на ЕП, а Македонија без разлика на резултатот, останува без пласман, на третото место во групата во која се уште и Шведска на првото и Фарски Острови на последното место.
Во претходниот натпревар во Скопје, македонските ракометарки беа убедливо поразени од Швеѓанките со 20-32, а со пораз на домашен терен претходно заврши и првиот дуел со Србија (27-33) одигран на почетокот од сезоната. Сепак, останува желбата квалификацискиот циклус барем да се заврши со позитивен впечаток и резултат.
„Се надевам дека во Ниш ќе се обидеме да го поправиме односот кон играте и ќе бидеме подициплинирани, барем да се заврши овој циклус во некоја позитива. За понатаму, не знам ќе видиме. Во дуелот со Шведска имавме преголема мотивација, сакавме се да се заврши убаво, но имавме многу лош старт, имавме многи падови. Знаевме дека немаме никакви шанси, сепак се надевавме дека ќе одиграме добро. Сега одиме во Ниш, барем да го поправиме впечатокот“ – истакна капитенот на македонската репрезентација, Елена Ѓорѓиевска.
Ракометарките прет шест години во Ниш последен пат настапија на ЕП 2012. Оттогаш во изминативе шест години не успеаваат да отидат подалеку од квалификациите, а цели пет години, до лани македонската селекција беше без ниедна победа во квалификациските натпревари.
Со денешниот натпревар се заокружува уште еден циклус без пласман на завршиот турнир. Македонија во пет натпревари има три порази, два од Шведска и еден од Србија и две победи против Фарски Острови.
Овој меч ќе биде и последен во кариерата на догогодишната македонска репрезентативка, Мирјета Бајрамовска која во средата се прости пред македонската публика, а денеска во Ниш официјално ќе стави крај на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА