Италијанскиот фудбалски репрезентативец и член на Челси, Жоржињо нема по добро да ја памети фудбалската репрезентација на Македонија.
Имено тој по поразот од „црвено-жолтите“ во Палермо со 0-1 не можел да си дојде на себе, па морал да побара помош од психолог како би ги надминал проблемите.
Англиските медиуми ја објавија оваа информација, а самиот тој по поразот од Македонија изјави дека ова е пораз кој вечно ќе го памети.
Да биде се уште по трагично за Бразилецот со италијански пасош е тоа што овој фудбалер нема се уште ниту еден настап на мундијалите во кариерата, а прашање е дали некогаш и ќе запише бидејќи никој не може да знае во каква форма ќе биде за четири години и дали Италија ќе успее да се пласира на шампионатот во САД, Канада и Мексико во 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА