Македонија го одработи првиот тренинг во Фусисберг: Елмас и Илиев се жалат на повреди

Македонската репрезентација со синоќешниот прв тренинг во швајцарски Фусисберг ги започна подготовките за последните два натпревари од Лига на нации.

Селекцијата на Игор Ангеловски во Швајцарија ќе ги реализира подготовките за натпреварот против Лихтенштајн кој не очекува на 16. ноември во Вадуц. Според планот на стручниот штаб во Фусисберг ќе бидат одработени три тренинзи пред заминување во Вадуц кое е планирано за четврток.

Синоќешниот тренинг репрезентацијата го одработи без капитенот Горан Пандев кој денеска попладне треба да се приклучи на тимот, а со намален интензитет работеа Елиф Елмас и голманот Дени Илиев.

Како што информираат од репрезентацијата Елмас се жали на болка во грбот додека Дени Илиев поради болка во рамото не можеше комлетно да одговори на тренинг активностите.

Денешниот тренинг на македонската репрезентација во Фусисберг е закажан за 18:30 часот.

Се вчитува...