Македонија ЃП без проблеми против Борец, Арсими го доби дербито со Брегалница

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров продолжуваат сигурно да чекорат кон враќање во елитата. Тие денеска на домашен терен без поголеми проблеми славеа над Борец со 3-0 во меч од 27. коло од Втората македонска фудбалска лига.

До голема победа во битката за пласман во ПМФЛ стигна и Арсими кој во дербито на рундата на домашен терен славеше над Брегалница со 2-1. Башкими и Скопје во интересен натпревар одиграа 1-1.

ВТОРА ЛИГА – 27. КОЛО
Арсими – Брегалница 2-1
Башкими – Скопје 1-1
Беласица – Детонит Плачковица 1-2
Каменица САСА – Вардар Неготино 4-2
Македонија ЃП – Борец 3-0
Новаци – Вардарски 3-0
Охрид – Кожуф Гевгелија 1-0
Победа – Осогово 0-0 

Се вчитува...