Екипата на Македонија ЃП дојде до првиот триумф во оваа сезона, додека Брера успеа да го освои и вториот бод во сезоната, останувајќи непоразен и на гостувањето во Кавадарци. Ова е епилогот од денешните два натпревари од 4. коло во ПМФЛ.
Македонија ЃП успеа со пресврт да дојде до победата, откако уште во 2. минута Булатовиќ му донесе предност на Пелистер. По една добра акција со Ристиќ, играчот на гостите успеа да погоди и да го однесе својот тим до водство.
До крајот на полувремето Христов од пенал реализираше за 1-1, откако Гереро изнуди удар од белата точка по стартот од Спировски.
Во вториот дел Македонија ЃП дојде до прво водство во 66. минута од средбата. Топка до Елмас кој шутираше, Јовчевски одби до Гереро, а овој погоди во мрежата на гостите.
Во Кавадарци, пак, Брера успеа да остане непоразена и во мечот со Тиквеш, после бодот освоен против Вардар. Тиквеш, пак, не успеа да дојде до нова победа дома, откако не го најде патот до мрежата на одличниот на голот Илоски. Токму Илоски во таа 74. минута имаше фантастична одбрана во најголемата шанса за кавадарчани, па така успеа да му донесе бод на својот тим.
ПМФЛ. 4. КОЛО
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР 2-1
(Христов 24′ (п), Гереро 66 ‘ – Булатовиќ 2’)
ТИКВЕШ – БРЕРА 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

