Македонија ЃП донесе голман од Иран

Иранскиот голман Амирхосеин Хаџиага е нов член на Македонија ЃП. 20-годишниот чувар на мрежата досега настапувал во неколку младински екипи во Иран, а последен клуб му бил Персополис У-21.

Со неговиот ангажман ѓорчепетровци ја зголемуваат конкуренцијата меѓу стативите. Во моментов „лавовите“ ги имаат Христијан Стевковски и Стефан Тасев.

Во овој преоден рок Македонија ЃП се засили со Давид Атанаскоски, Годберг Купер и Кристијан Стојкоски, а потпишаа перманентен договор и со Сефер Емини.

Се вчитува...