Македонија ЃП елиминирана од Европа: Убедлив пораз од ЦСКА во Софија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Македонија ЃП се елиминирани од европските натпревари ова лето откако загубија убедливо со 4-0 (1-0) на гостувањето против ЦСКА во Софија на реванш-дуелот од 2. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига.

Бугарскиот состав ја оправда фаворитската улога на натпреварот доаѓајќи до лесна победа откако претходно тешко го скрши отпорот на „лавовите“ во првото полувреме.

ЦСКА до предноста од 1-0 дојде во 31. минута со голот од прекин на Матеиј.

Во второто полувреме веќе беше далеку полесна приказната за бугарскиот тим. Најпрво Јомов во 61. минута постигна убав погодок за 2-0, а потоа и Туфегчиќ во 78. минута зголеми на 3-0. Конечните 4-0 ги постави Назон во 87. минута од средбата.

Натпреварот во Софија на стадионот „Бугарска Армија“ го следеше и легендата на бугарскиот фудбал Димитар Бербатов, чие семејство е со македонски корени.

Се вчитува...