Македонија ЃП го објави првото заминување од екипата

Освојувачот на Купот, Македонија ЃП почна да ги средува сопствените играчки редови за следната сезона во која тимот ќе игра во Лигата на Конференции, и ќе атакува на висок пласман во првенството, како и во одбрана на Куп пехарот.

„Лавовите“ денеска му се заблагодарија на браилскиот интернационалец Матеус Лемос, и тој е првиот кој заминува од Ѓорче Петров. „Матеус Лемос ти благодариме за се и среќно во понатамошната кариера“, стои во објавата на Македонија ЃП.

Лемос дојде во таборот на „лавовите“ од Бразил во август 2021 година. Сезонава одигра 29 натпревари во кои постигна еден гол и забележа шест асистенции, играјќи 1859 минути вкупно.

Се вчитува...