Македонија ЃП го официјализираше Бајрами за нов „шеф“

Македонија Ѓорче Петров го назначи Муарем Бајрами за нов шеф на стручниот штаб. Бајрами доаѓа на местото на Александар Таневски кој што во саботата по поразот од Брегалница 4:1 си поднесе оставка од клупата на „лавовите“.

Бајрами добро ја познава екипата, со оглед дека беше помошник на Таневски во Македонија ЃП.

ЕКИПА вчера објави дека заедно со Бајрами, во стручниот штаб ќе работи и Тони Џангаровски, екс фудбалерот на Македонија ЃП кој работеше како помошник и на Таневски.

Се вчитува...