22-годишниот фудбалер Александар Ѓорѓиески се враќа во таборот на Охрид, откако неговиот клуб Македонија ЃП се одлучи да го испрати на позајмица во овој клуб.
Ѓорѓиески во минатото настапуваше за Охрид, а потоа замина во Борец, каде играше минатата сезона, а во текот на ова лето се пресели во Македонија ЃП. Сега „лавовите“ се решија да го позамјат во Охрид, со цел да има поголема минутажа.
Ѓорѓиески настапуваше и во младинските категории на Вардар. Игра како последен играч за врска, а може да игра и како стопер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА