Македонија ЃП го врати Ѓорѓи Стоилов

Само неколку месеци откако го напушти тимот на Македонија ЃП, Ѓорѓи Стоилов се враќа во таборот на „лавовите“. Ова го потврди тимот од Ѓорче Петров, кој објави дека Стоилов е ново-стар член на екипата.

Стоилов беше дел од ѓорчепетровци целата мината сезона, но потоа му беше дозволено да си бара нова средина. Беше поврзуван и со екипата на Вардар, но на крајот се одлучи да се врати во Ѓорче Петров и да го засили средниот ред на оваа екипа.

Фудбалерот во минатото беше дел од Шкупи, Зира од Азербејџан, а играше и за Академија Пандев и за Хоризонт Турново. Има преку 200 настапи во Првата лига, а со Шкупи успеа да ја освои титулата шампион. Има и два трофеи во Купот, со Академија Пандев и со Македонија ЃП.

Се вчитува...