Македонија ЃП и Академија Пандев во финалето на Купот

Македонија ЃП и Академија Пандев со нови победи го потврдија пласманот во финалето на Купот на Македонија. „Лавовите“ повторно славеа со 1-0 против Беласица, идентично како и на првиот полуфинален меч во Струмица, ги трасираа патот кон финалната пресметка. Единствениот гол всушност беше автогол на Џонов, кој во 54.минута реагираше лошо по корнерот од десната страна и ја затресе мрежата на Никола Вујанац.

Академија Пандев повторно славеше против Победа и на реваншот во Кавадарци со 1-3. Идентичен беше резултат и на првиот меч. Каланоски во третата минута донесе надеж за прилепскиот тим, но Победа немаше сили за комплетен меч. Во вториот дел Академија Пандев постигна дури три гола за пресврт и нов триумф, обезбедувајќи го првото финале во клупската историја.

Ѓорѓи Стоилов од пенал израмни во 48.минута, потоa Стојанче Велинов од слободен удар во 57.минута се погрижи за целосен пресврт, а точка на триумфот стави Кристијан Стојковски во завршницата од дуелот. Тој во 85.минута постигна трет погодок за Академија Пандев по асистенцијата од Ацо Стојков.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, РЕВАНШ ПОЛУФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА 1-0 (ВКУПНО, 2-0)

ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-3 (ВКУПНО, 2-6) 

Се вчитува...