Македонија ЃП и Брегалница и дефинитивно се нови членови на Втората лига идната сезона. Двата тима после денешниот пораз од Вардар, односно нерешеното со АП Брера, и победата на „црвено-црните“ стана јасно дека нема шанси да стигнат до 10. позиција на табелата, која носи во баражот.
Вардар во некоја комбинација има шанси да го избегне баражот во последните две кола, но за тоа ќе му треба чудо, односно да ги добие двата натпревари, а Брера да направи „кикс“ на двата натпревари. Разликата меѓу Вардар и Брера е три поени разлика, додека меѓу Вардар и Гостивар и Воска Спорт е пет бодови.
Како што е познато од порано, Беса и Пелистер се нови членови на Првата лига од идната сезона, додека во баражот ќе се најде Детонит Плачковица и ќе го чека својот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА