Македонија ЃП и штипска Брегалница, екипите кои од Првата лига испаднаа сезонава во Втората, продолжуваат со победничкиот од, во походот кон враќање во „елитата“. Двата клуба дојдоа до третата победа во три кола од сезоната, со што најавија дека имаат намера да се борат за првите две места.
Брегалница со 2-1 го совлада тимот на Каменица Саса. Откако гостите поведоа, Хаџи-Кимов му донесе израмнување на тимот од Штип, за Галевски од пенал ги донесе бодовите за штипските „сини“.
За Македонија ЃП царуваше Симеон Христов. Напаѓачот на „лавовите“ ги постигна сите три гола во дуелот со прилепска Победа одигран на ФФМ. Христов погоди во 29. 38 и 80. минута од средбата.
Арсими го претрпе првиот пораз, откако загуби на домашен терен против Башкими. Борец поразен од Новаци со 0-1, додека Скопје на свој терен во Автокоманда беше подобар од Вардар Неготино. Со добрите игри продолжува и тимот на Кожуф, кој го совлада Осогово.
Беласица и Охрид играат вечерва во 20 часот.
ВМФЛ, 3. КОЛО
РЕЗУЛТАТИ:
АРСИМИ – БАШКИМИ 0-1
БОРЕЦ – НОВАЦИ 0-1
БРЕГАЛНИЦА – КАМЕНИЦА САСА 2-1
ДЕТОНИТ – ВАРДАРСКИ 1-1
СКОПЈЕ – ВАРДАР Н. 2-1
КОЖУФ – ОСОГОВО 3-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 3-0
БЕЛАСИЦА – ОХРИД (20:00 Ч.)
ТАБЕЛА:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА