Македонија ЃП и Шкупи во меѓусебен тест натпревар пред дуелите во ЛК

Македонија ЃП и Шкупи ќе одиграат генерална проба во четврток, пред настапите на двата клуба во Лигата на Конференции.

Натпреварот ќе се игра на стадионот во Ѓорче Петров со почеток во 17:30 часот.

Македонија ЃП за противник во Лигата на Конференции го има тимот на РФС Рига од Летонија, додека Шкупи ќе игра против Хегелман од Литванија.

Се вчитува...