Македонија ЃП и Скопје ќе играат на „Петар Милошевски“

Натпреварот од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Македонија Ѓорче Петров и Скопје кој е закажан за во среда ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Од клубот од Ѓорче Петров информираат дека поради реконструкција на нивниот стадион во скопската населба, овој натпревар ќе се одигра на терените на ФФМ.

 

Се вчитува...