Македонија ЃП и Струга ТЛ два месеци никако да победат – па и меѓу себе ремизираа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија ЃП и Струга ТЛ никако да дојдат до триумф во домашниот шампионат. Па и денеска на дуелот во Ѓорче Петров од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига си ги поделија бодовите.

Шест едноподруго натпревари „лавовите“ не знаат за победа. Последниот триумф за Македонија ЃП е на 28. август против Борец со 3-2, и од тогаш запишале само два нерешени резултати, вклучувајќи го и денешното со стружани, и четири порази.

Струга ТЛ, пак, пет едноподруго натпревари не знае за триумф. Последен пат стружани во првенството славеа на 12. септември против Скопје на домашен терен со 1-0.

 

Се вчитува...