Македонија ЃП одлучи натпреварот од Лигата на Конференции против ЦСКА Софија, да го игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ. Дуелот се игра на 21. јули, а времето на одигрување дополнително ќе биде одреден.
Тоа ќе биде првиот натпревар меѓу овие два тима, кој требаше да се игра во Софија, но УЕФА одлучи првиот дуел ЦСКА да го игра на гости, поради настапите и на Левски против ПАОК и на Ботев во Лигата на Конференции во истиот град.
Реваншот ќе се игра на 28. јули на стадионот „Бугарска Армија“ во Софија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

