Македонија ЃП на подготовки во Хрватска, ќе биде дел од Арена Куп 2023

Македонија ЃП прва ги почнува подготовките од сите наши прволигаши. „Лавовите“ од утре стартуваат со подготовките, односно екипата заминува во Хрватска каде што практично од таму ќе стартува со тренинзите.

На 4. јануари се предвидени лекарски прегледи во Пула, а потоа екипата ќе биде дел од Арена Куп 2023 каде ќе одигра најмалку три натпревари против Истра од Хрватска, Арсенал Тиват од Црна Гора и Колкети од Грузија.

„Играчите ќе имаат време и за одмор, но по посебна програма за работа. Подготвени сме за наредните предизвици кои не очекуваат во кои се надеваме дека и оваа година ќе бидеме успешни.“, рече шефот на стручниот штаб Муарем Бајрами.

На 25. јануари експедицијата на ѓорчепетровци заминува на подготовки во Анталија.

Се вчитува...