Второлигашките екипи се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната, а на пријателскиот натпревар одигран во Охрид, Македонија ЃП го совлада Тетекс со 4-1. „Лавовите“ по првио дел обезбедија водство од 2-1, а во второто полувреме уште двапати ја тресеа мрежата на противникот.
Мартин Христов го отвори резултатот, Дервиши израмни на 1-1, а Дејан Тантуровски повторно донесе предност за тимот од Ѓорче Петров. Во вториот дел во листата на стрелците се запишаа и Симеон Христов и Кристијан Костовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА