Македонија ЃП е поразена на првата контрола на подготовките во Анталија од Берое со 3-2. После водството по првиот дел на „лавовите“, бугарскиот тим со пресврт во вториот дел успеа да дојде до победата.
Стојкоски го донесе во водство тимот на Македонија, после неколкуте пропуштени шанси на Берое. По една грешка на одбраната на Берое, најпрво се обиде Скендери, а одбиената топка во мрежата на спроведе Стојкоски.
На самиот старт во вториот дел, по една катастрофална реакција на Личина, и недосуден прекршок, Трибуле успеа да го совлада Тасев. Во 80. минута се случи пресвртот откако Јорданов погоди во горниот десен агол од голот на Тасев за прво водство на Ботев.
Трет гол во мрежата на Тасев во 87. минута од страна на Трибуле, а „лавовите“ само намалија минута подоцна на 2-3 преку Славков и го поставија конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА