Македонија ЃП прекомандува двајца младинци во првиот тим (ФОТО)

Македонија Ѓорче Петров го потврди ангажманот на младинците Ристе Лембовски и Христијан Поп Антоски кои во минатото настапуваа на пријателски натпревари, а денеска официјално потпишаа три годишен договор со скопскиот прволигаш.

Лембовски ја покрива позицијата стопер, но може да игра и заден везен. Оваа сезона во младинската лига има одиграно 15 натпревари на кои постигната два гола. Поп Антоски пак игра на позицијата лев бек, но може да игра везен играч и офанзивен везен. Во првиот тим доаѓа по успешен настап во младинската лига каде на 21 натпревар постигната 7 гола и 10 асистенции.

Двајцата не го криеа задоволството од новите договори изразувајќи благодарност и чест за настап во редовите на трикратниот освојувач на Купот на Македонија.

„Благодарност до ФК Македонија Ѓорче Петров за дадената можност да бидам дел од првиот тим, исто така благодарност и до мојот тренер Јовица Кнежевиќ за досега постигнатите резултати“, изјави Лембовски.

„Чест и задоволство ми е што во следните неколку години ќе настапувам за овој клуб. Потпишувањето на договорот ми дава мотивација плус за уште понапорна работа во иднина, за подобри резултати и достигнување на нивото за кое што сум сонувал уште од мали нозе“, вели Поп Антоски.

Се вчитува...