Македонија ЃП прво ќе ја пречека ЦСКА Софија, па потоа ќе гостува во Бугарија

Иако ждрепката за 2. коло во Лигата на Конференции беше дека Македонија ЃП прво ќе гостува во Софија на 21. јули, а потоа седум дена подоцна ќе игра како домаќин против ЦСКА, сепак, УЕФА одлучи да го промени домаќинството.

Така на 21. јули Македонија ЃП најпрво ќе го дочека бугарскиот тим во Скопје, а потоа на 28. јули ќе гостува во Софија на стадионот „Бугарска Армија“ во главниот град на Бугарија.

УЕФА се реши на ваков потег поради настапот на уште два тима во ист период. Првенствено пред се поради настапот на Левски против грчки ПАОК во истиот термин, па за да не дојде до поголеми инциденти меѓу навивачките групи. Добро е познато дека ЦСКА и Левски се лути ривали, а згора на тоа постои можност и од доаѓање на грчки фанвои.

Исто така и Ботев Пловдив ќе игра во Софија, па така европската куќа на фудбалот пресече да ги смени домаќинствата.

 

Се вчитува...