Македонија ЃП во изминатата сезона испадна од прволигашката конкуренција. Освојувачот на Купот двапати по ред, минатата сезона не ја мина според очекувањата во првенството, и заврши на претпоследната позиција на табелата, и така ја напушти „елитата“.
Меѓутоа тимот сега ги почна подготовките, тренерот Бобан Грнчаров полека ги консолидира редовите, па така откако е јасно дека дел од играчите како што се Мишевски, Пецов, Попзлатанов ќе останат и натаму да бидат дел од лавовите, веднаш се донесени и нови имиња.
Меѓу диреците се очекува да застане искусниот Андреа Ефремов, кој досега беше дел од Шкупи. Ефремов ќе треба да го замени Христијан Стевковски кој замина во Струга ТЛ. Ангажиран е и поранешниот младински репрезентативец Мите Цикарски, кој по шест месеци пауза се враќа на фудбалот. Исто така Македонија ЃП го ангажираше и Симеон Христов, искусно име со настапи во многу прволигашки екипи.
Во следниот период ќе бидат земени уште неколу имиња, а ќе има и играчи кои од младинскиот погон ќе бидат прекомендувани во сениорскиот тим, со една цел: во Ѓорче Петров по само една година пауза одново да се гледа елитен фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА