Македонија ЃП се врати на победите, триумфи и на Башкими и на Брегалница

После двата порази по ред, Македонија ЃП се врати на победничките патеки, откако денеска убедливо го совлада тимот на Новаци со 4-0 на домашен терен, и ја продолжи трката за првото место кое носи пласман во прволигашката конкуренција. Велкоски и Кире Маркоски во првиот дел, а потоа Симеон Христов и повторно Кире Маркоски за убедлив триумф.

Битката за највисок пласман и за влез во Првата лига ја продолжува и тимот на Башкими. Кумановци триумфираа на гостувањето во Струмица кај Беласица со 1-2. Гостите дојдоа до триумф со пресврт откако губеа 1-0, но успеаја да постигнат два гола и да дојдат до триумф. Стрелци на головите за Башкими беа Саити во 55. минута и Алексовски во 82. минута.

Со головите на Калпачки и на Шопоски, и тирумф со 2-0 над Вардарски, и тимот на Брегалница ја продолжува битката за пласман меѓу првите две места кои носат во Првата лига.

Арсими минимално со 1-0 ја совлада Победа, исто како и Охрид против Вардар Неготино. Осогово како гостин триумфираше во Радовиш кај Детонит, а со истиот резултат и Скопје оствари триумф во Гевгелија кај Кожуф.

ВТОРА ЛИГА, 19. КОЛО

АРСИМИ – ПОБЕДА 1-0

БЕЛАСИЦА – БАШКИМИ 1-2

БОРЕЦ – КАМЕНИЦА САСА 2-1

БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАРСКИ 2-0

ДЕТОНИТ – ОСОГОВО 0-1

КОЖУФ – СКОПЈЕ 0-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – НОВАЦИ 4-0

ОХРИД – ВАРДАР Н. 1-0

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...