Македонија ЃП се засили со Американец кој играл за Вардар

Македонскиот фудбалски прволигаш Македонија Ѓорче Петров денеска го официјализираше договорот со американскиот фудбалер Кит Ларсон.

Се работи за 23-годишен напаѓач кој ќе биде од голема помош во борбата за опстанок во прволигашката конкуренција. Последниот ангажман му бил во Албион Сан Диего, а има играно и за Вардар Мичиген клуб формиран од македонските иселеници во Детроит.

Во првото коло од пролетниот дел од сезоната Македонија ЃП на домашен терен ќе ја пречека Шкендија.

Се вчитува...