Македонија ЃП се засили со бугарскиот интернационалец Карачанаков

Освојувачот на националниот куп Македонија Ѓорче Петров го претстави бугарскиот интернационалец Антон Карачанаков за свое најново засилување.

Карачанаков кој има 31 година во Ѓорче Петров доаѓа како слободен фудбалер откако последен ангажман имаше во бугарската Монтана.

Тој поголемиот дел од кариерата го помина во домашниот шампионат, а играше и во Полска, Словачка и Романија.

Се вчитува...