Македонија ЃП се засили со Турчинот Ајдоган и повратникот Стефан Лазаревиќ (ФОТО)

Во битката за опстанок оваа пролет, Македонија ЃП ќе се впушти со две нови имиња во своите редови.

„Лавовите“ пред продолжението на шампионатот се засилија со интернационалецот од Турција, Огузјан Ајдоган и искусниот дефанзивец Стефан Лазаревиќ.

Десниот бек Лазаревиќ, чии последни два клуба каде настапуваше се Работнички и Скопје, сега повторно се враќа во својот матичен кллуб. Во својата кариера 28-годишниот дефанзивец има настапи и за Гостивар, Тетекс, Борец, Силекс.

Ајдоган, пак, не е непознат во македонското прволигашко друштво. Претходно играше за Гостивар и Башкими, а има настапи во својата кариера и за Карлсруе и Алеманија Ахен во Германија како и за Анкараспор во Турција.

Се вчитува...