Македонија ЃП се засили со Вукашин Јовковиќ

Српскиот напаѓач Вукашин Јовковиќ, е нова и последна аквизиција на Македонија ЃП оваа зима. 22-годишниот напаѓач доаѓа во Ѓорче Петров како слободен агент, откако претходно му беше раскинат договорот со Олимпијакос Никозија.

Претходно овој српски фудбалер играше за Вршац, Железничар Панчево, Вараждин и Графичар. Потекнува од фудбалската школа на Партизан, која ја напушта на 17-годишна возраст.

Претходно Македонија ЃП се засили со Јован Попзлатанов, Драган Стојков и Андреј Јаго.

Се вчитува...