Освојувачит на Националниот куп, Македонија Ѓорче Петров одигра реми без голови (0-0) против ЦСКА Софија во првиот натпревар од двомечот во 2. коло во „најмладото“ европско клупско натпреварување, Конференциската лига.
Иако имаа играч помалку цело полувреме по исклучувањето на Лемос во 45. минута, ѓорчепетровци одиграа храбро и беа подобар противник на теренот, но не успеаја тоа да го материјализираат со гол.
Домаќините ја имаа контролата на почетокот на мечот, а најистакнат беше бразилскиот интернационалец Лемос. Првата поозбилна шанса Ѓорче ја имаше во деветата минута кога по една полуконтра Кристијан Стојковски биеше непрецизно.
Лемос и понатаму беше најистакнат во таборот на „лавовите“ правејќи и цело време проблем на одбраната на гостите.
Дури 26 минути требаше да поминат за нова шанса на една од двете страни. Повторно освојувачот на купот на Македонија го загрози голот на гостите, откако по еден прекин по одличниот центаршут на Зука, Личина не ја зафати баш најдобро топката.
Голема глупост направи најдобриот фудбалер на „лавовите“, Лемос кој по една неспретна ситуација доби втор жолт картон, по кој мораше да го напушти теренот во 47. минута.
Интересна ситуација се случи на стартот на второто полувреме, кога во 50. минута Алексовски ја затресе мрежата на гостите, но голот не беше признаен бидејќи претходно главниот судија на мечот, Белгиецот, Ван Дрише досуди фаул за ЦСКА.
Првата шанса Бугарите ја имаа во 53. минута кога одлично биеше Лазар Туфегџиќ, но водство за гостите спречи голманот Стевковски кој одлично интервенираше.
Капитенот Ермеди Адем во 69. минута ја имаше најубавата шанса на натпреварот, но биеше за малку непрецизно покрај голот на голманот на гостинскиот тим. Во 83. минута следеше нова шанса за „лавовите“, но непрецизно со глава биеше Личина. Последен пат го загрозивме голот на гостите во 95. минута кога Мишевски центиметри го делеа од постигнување на прекрасен гол од слободен удар.
Реваншот меѓу двата тима е закажан за седум дена во Софија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА