Прволигашот Македонија Ѓорче Петров загуби со 2-1 во контролата против украинскиот Минај како дел од подготовките во Анталија. По првото полувреме без голови, Украинците поведоа со 1-0 во 53. минута, а во 69. зголемија и на 2-0.
До крајот избраниците на Жикица Тасевски успеаја само да го ублажат поразот со голот на Ермедин Адем во 75. минута. Ова беше петти пријателски натпревар за „лавовите“ во Анталија на кои не забележаа ниту една победа.
Во петок ќе го одиграат и последниот меч против украинскиот Олимпик Доњецк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

