Фудбалерите на Македонија ЃП беа поразени од Чукарички на последниот контролен натпревар на подготовките во Словенија. Во спортскиот центар во Блед, избраниците на Горан Симов во првиот дел примија два, а во последните 10 минути примија уште два гола за конечна победа на српскиот тим од 4-0.
Во 39. минута Ивановиќ донесе предност, а две минути подоцна Видосављевиќ зголеми на 2-0. Во 82. минута Чукарички зголеми на 3-0 преку Стојановиќ, а во 88. минута даде и четвти гол во мрежата на ѓорчепетровци преку Ндиаје. Македонија ЃП најдобрата шанса ја имаше преку Стојкоски кој шутираше силно под пречката, но голманот одбрани.
За „лавовите“ ова беше четврта, воедно и последна контрола на подготовките во Словенија, по што екипата во Скопје ќе се подготвува за дуелите против РФС Рига во Лигата на Конференции.
Македонија ЃП во Словенија не оствари ниту една победа. Покрај денешниот пораз од Чукарички, екипата ремизираше со Радомље 3-3, загуби од Целје 2-1, и беше поразена од Марибор со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА