Македонија ЃП успеа да го совлада тимот на Брегалница во дербито на 11. коло во ВМФЛ, и така го презеде врвот на табелата. „Лавовите“ со головите на Размоски во првиот дел, а потоа и на Стоилов и повторно на Размоски во вториот, успеаја да дојдат до победата.
Вардар Неготино со гол во последните секунди од мечот успеа да стигне до победата над Борец во Велес.
Екипата на Охрид остана непоразена седмо коло по ред, откако успеа да одигра 1-1 против Скопје на свој терен. Гостите имаа водство до самиот финиш, но на крајот домашните стигнаа до гол и до еден бод.
Башкими со „петарда“ го совлада Осогово, а убедлива беше и Победа која со 6-2 го совлада Вардарски.
ВТОРА ЛИГА, 11 КОЛО
РЕЗУЛТАТИ
АРСИМИ – ДЕТОНИТ 2-1
БАШКИМИ – ОСОГОВО 5-1
БЕЛАСИЦА – КОЖУФ 0-0
БОРЕЦ – ВАРДАР Н. 1-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 3-0
НОВАЦИ – КАМЕНИЦА САСА 0-1
ОХРИД – СКОПЈЕ 1-1
ПОБЕДА – ВАРДАРСКИ 6-2
ТАБЕЛА:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА