Македонија ЃП загуби од Партизани Тирана на тестот во Охрид

Македонија ЃП загуби од албанскиот прволигаш Партизани Тирана со 0-1 (0-1) на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

„Лавовите“, по претходниот пораз од Беласица (1-2) загубија и вториот тест дуел по стартот на летните подготовки.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Ибрахими во 17. минута од натпреварот. За Партизани настапија и Егзон Белица, како и поранешниот фудбалер на Вардар, Јасир Асани.

Се вчитува...