Македонија ЃП загуби од Шибеник и го освои 4. место на „Арена Куп“

Македонија ЃП е поразена од хрватскиот прволигаш Шибеник во натпреварот за 3. место на „Арена Купот“ во Медулин, кој се одржуваше од 5-ти до 15-ти јануари.

Ѓорчепетровци денеска беа поразени со 3-0. Стрелци на головите за Шибеник беа Кроло во 40. минута, Делиќ во 68. минута и Шпелјак во 76. минута. Со тоа Македонија ЃП ги заврши настапите како четврти на овој турнир.

„Лавовите“ усепаја да го победат тимот на Арсенал Тиват, загубија од Истра, а одиграа без голови против Колхети.

Експедицијата на Македонија ЃП веќе утре се враќа во земјава, а на 25-ти јануари екипата заминува на подготовки во Анталија.

Се вчитува...