Македонија и дефинитивно против Косово во Лигата на нациите… (ВИДЕО)

Македонската репрезентација и дефинитивно следната година во полуфиналето од Лигата на нациите, во битката за пласман на ЕП 2020, ќе игра против селекцијата на Косово која не успеа да обезбеди место на Европското првенство преку регуларните квалификации.

Косоварите иако беа блиску до изненадување на гостувањето против Чешка во седмиот натпревар од Групата А, на крајот сепак загубија со 2-1. Косово поведе со голот на Нухиу во 50. минута.

Но, Чесите стигнаа до пресврт триумф од 2-1 со головите на Крал во 76. минута и Челустка во 79. минута. Сето тоа и за дефинитивно второ место на Чешка во групата.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020 – ГРУПА А

Чешка – Косово 2-1

Англија – Црна Гора 7-0

Се вчитува...