Македонија и Грција заеднички во ист хотел во очекување на ракометната пресметка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Кожани,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски

ФОТО: Роберт Спасовски

Сместени во ист хотел, македонските и грчките репрезентативци во крајно мирна атмосфера ја очекуваат меѓусебната пресметка во Кожани во квалификациите за ЕП, која стартува од 16 часот по македонско време.

Мирно е во хотелскиот комплекс кој е издвоен од Кожани, па низ релаксирани последни часови течат подготовките за квалификацискиот натпревар.

Македонските репрезентативци претпладнето, минутите за одмор, ги минаа и во друштво на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов. Грците, пак, искористија мигови за друштвени игри како финална подготовка за мечот. И едните и другите и тоа како добро знаат дека Македонија е голем фаворит за триумф на денешниот натпревар. Само што тоа избраниците на Раул Гонзалез ќе треба добро да го потврдат и на терен…

 

Се вчитува...