Македонија и официјално против Украина во Прага

Македонија и официјално натпреварот со Украина во квалификациите за ЕП 2024 ќе го игра во Прага, Чешка.

Иако сето тоа беше од претходно познато, денеска Украинската фудбалска федерација официјално информираше дека дуелот меѓу Украина и Македонија ќе се игра на 14. октомври со почеток од 15 часот на „Фортуна Арена“ во Прага.

„Ние сме среќни што ќе може да бидеме организатори на натпреварот на Украина со Македонија. Комплетно сме подготвени да ги понудиме најдобрите услови за двете репрезентации“ – изјави претходно и претседателот на Славија Прага, Јарослав Тврдик, клубот кој е домаќин на „Фортуна Арена“.

Се вчитува...