Како еден вид најава за најголемиот спортски настан во Македонија оваа година, организацијата на Европското сениорско ракометно првенство за жени кое од 4. ноември до 20. ноември со една своја група ќе се одржува и во Скопје, Ракометната федерација на Македонија денеска организираше прес-настан на кој беа присутни и македонски ракометарки заедно и со колегите од машата селекција но и бројни ракометни работници.
Едногласен е повикот од настанот Македонија и македонските навивачи да ги поддржат ракоматарките на престојниот европски шампионат, и покрај тоа што е јасно дека ја носиме аутсајдерската улога на терен. Но, максимална поддршка од трибините е секако повеќе од неопходна, затоа што не секоја држава може да биде домаќин на еден ваков голем спортски настан, а не секоја генерација ја има честа да игра Европско првенство во својата земја пред својата публика.
„Свесни сме колку голема работа ни се случува и што значи да се биде домаќин на европско. Не секоја држава ја има таа можност. Ја поздравувам РФМ за организацијата и сметам дека се одржува во исклучително важен момент за женскиот ракомет. Ова ќе биде голем мотив и силен импулс за сите нас. Не секоја генерација има чест да игра во својата земја на големо натпреварување. Со верба во себе и помош од трибините верувам дека можеме да бидеме изненадување. По долго време мак-публиката ќе може да присуствува на натпревари на европската ракометна елита. Предизвик за нас е да бидеме добри домаќини и дека сите гости ќе понесат најубави спомени за нашата земја. Напред Македонија!“ – истакна на денешниот собир ЕХФ Амбасадорката на европското првенство, Гордана Нацева која зад себа има бројни настапи за македонската репрезентација на европски и светски шампионати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА