Македонскиот фудбал има уште еден екстраталентиран млад фудбалер во името на Алдрин Пајазити.
16-годишниот Пајазити, кој е фудбалер на кумановско Башкими, играч од средниот ред на генерацијата 2009, по завршувањето на официјалниот камп на ФК Барселона кој се одржа во Скопје, е избран и поканет од Академијата на каталонскиот гигант, еден од ретките од регионот, да учествува на „Барса клиник 2025“ на кој ќе бидат присутни голем број таленти од Европа.
Овој престижен програм ќе се одржи во „Ла Масија“, легендарната академија на Барселона, и опфаќа тренинзи под водство на шпанските тренери, теоретски предавања и професионално следење на младите фудбалери.
Присуството на Пајазити во моментов на „Барса Клиник 2025“ претставува големо признание и ретка можност за младите таленти од регионот, бидејќи токму таму своите кариери ги започнаа светски ѕвезди како Лионел Меси, Чави Ернандез, Андрес Иниеста и Ламине Јамал.
Од Башкими велат дека ова е огромен успех и гордост и за целата нивна екипа, како и доказ дека работата, дисциплината и љубовта кон спортот ги отвораат вратите кон најголемите европски фудбалски сцени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

