Македонија има кошаркарска иднина: И Чешка на „менито“ за три од три

Кошаркарската репрезентација до 18 години го забележа и третиот триумф на Европското првенство Б дивизија. Во салата Кале нашите надежи победија со 94-86 и така се најдоа на првата позиција, со што се пласираше во 1/4 финалето.

Речиси во текот на целиот меч Македонија имаше предност, која на полувремето изнесуваше и десет поени разлика (49-59). Но чешките кошркари не се предаваа лесно, и на моменти ја стигнуваа разлика. Меѓутоа нашите кошаркари успеаја триумфално да го приведат кон крај мечот.

Повторно блескаше Никола Јаничиќ кој постигна 25 поени, додека Микулас Цанк кај Чесите постигна исто толку поени.

Се вчитува...