МАКЕДОНИЈА ИМА НОВ СПОРТСКИ ХЕРОЈ: Георгиевски е во финалето на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски е новиот спортски херој на Македонија, откако за само неколку часа стигна до третата победа во категоријата над 80 килограми во таеквондо, пласирајќи се во големото финале и обезбедувајќи најмалку сребрен медал за нашата земја на ОИ во Токио. По пауза од 20 години, Македонија конечно има нов медалист на олимписките игри, благодарение на Георгиевски, кој уште од Скопје гласно и храбро најавуваше атак на медал, своите зборови претворајќи ги во дела во Јапонија.

Тој денеска за ривал го имаше Кореец Ин Кјо Дон, кој беше целосно издоминиран за победа од 12-6 и пласман во големото финале.

Првата рунда мина во тактичко надмудрување во кое корејскиот таеквондист сепак успеа да стигне до минимална предност од 0-1. Иницијативата на Македонецот донесе и прв казнен поен за противникот, по што два извонредни удари со нога на Георгиевски донесе и убедлива предност од 5-1. Кореецот намали на 5-3, но потоа третата рунда почна со нови беспрекорни удари со нога на нашиот ас, кој набрзина поведе со 9-4. Потоа предноста беше рутински задржана до самиот крај, а историско финале на Македонецот.

Негов ривал во битката за златото ќе биде Русинот Владислав Ларин, кој допатува во Токио како главен фаворит за златото, но Георгиевски веќе покажа дека може да победи секого и сигурно без преголем респект кон противникот ќе влезе во големото финале.

Се вчитува...