Македонија има одлични 1-1 на полувремето – Капитенот израмни по водството на Австријците (ФОТО)

ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Во полувреме со многу тактичко надмудрување без многу можности на теренот, по дождливо време во Букурешт, македонската репрезентација има одлични 1-1 со Австрија по првите 45 минути од дебито на ЕВРО 2020.

По мирните почетни минути на дуелот, првиот обид иако сосема безопасен го имаше Баумгартнер кој во 9. минута со глава речиси само ја додаде топката до Димитриевски.

И по тоталното мртвило на теренот, во 18. минута Австријците поведуваат без шанса. Сабицер нафрли од левата страна, а Лаинер на вториот дирек од само неколку метри смести во мрежата на Димитриевски.

Голот ги осоколи австриските фудбалери кои веќе во 22. минута имаа одлична можност преку Калајџиќ кој се најде во 100% шанса, но неговиот шут од 6-7 метри сега го брани Димитриевски.

И, толку од противниците. А, потоа, кој друг ако не Горан Пандев во 28. минута носи израмнување за Македонија. Грешка на австрискиот одбрана а потоа и на голманот на Австрија кој во дуел со Трајковски ја остава топката на 12 метри од каде Гранде Пандев стрела за 1-1.

До крајот на полувремето без шанси на двете страни, за конечни 1-1.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020 – ГРУПА Ц (1. коло)
АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА (1-1)
Национална арена во Букурешт: Гледачи: 15.000. Главен судија: Андреас Екберг (Шведска). Стрелци: Лаинер 18′ (А), Пандев 28′ (М).
АВСТРИЈА: Бахман, Лаинер, Драговиќ, Хинтерегер, Улмер, Баумгартнер, Лаимер, Шлагер, Алаба, Сабицер, Калајџиќ
Селектор: Франко Фода
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристевски, Велковски, Муслиу, Николов, Барди, Адеми, Алиоски, Елмас, Пандев, Трајковски
Селектор: Игор Ангеловски

Се вчитува...