Македонија има тројца финалисти на Балканското Првенство во бокс

Браќата Рустемовски обезбедија три финалиња за Македонија на Балканското првенство во бокс кое се одржува во Лозница, Република Србија. Во сениорска конкуренција Ален и Ружди Рустемовски со одлични борби обезбедија две финалиња во сениорска конкуренција, а Ардијан предходно исто така избори место во финалето во својата конкуренција.

Ова е еден од најголемите успеси на балканските првенства во најновата историја на овој спортѕ во нашата држава.

Ален Рустемовски славеше со прекин во втората ринда против Михајло Џекиќ од Босна и Херцеговина, додека Ружди го победи Украинецот Русијан Шилов со едногласна судиска одлука 5-0.

Ебуталип Агушев и Лука Трифуновиќ, додека Енис Алиу беше поразен со прекин во втората рунда. И покрај поразот македонските репрезентативци Агушев, Трифуновиќ и Алиу освоија бронзени медали.

Млади:

Финале

54 кг – Ардијан Рустемовски – Максим Зименко (Украина) финале 22 ноември

57 кг  – Ебуталип Агушев – Максим Шулха (Украина) 0-5 ТКО Р1½ финале

67 кг  – Лука Трифуновиќ – Владислав Чиниук (Украина) 0-5 ТКО Р1½ финале

Сениори:

57 кг – Ален Рустемовски – Михајло Џекиќ (БиХ) 5-0 ТКО Р2 ½ финале

Финале

57 кг – Ален Рустемовски –Денис Роздолски (Украина) 23 ноември

Финале

60 кг –  Ружди Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија) 23 номеври

71 кг Енис Алиу – Албан Беќири (Албанија) 0-5 ТКО Р2 ½ финале

Се вчитува...