Македонија испиша историја во брзински мотоциклизам. Талентираниот мотоциклист Христијан Бузалковски го освои бронзениот медал на Европскиот ФИМ Европа СТК1000 шампионат на кружни патеки кој се одржа во Гробник, Хрватска. Ова е историски резултат, затоа што досега ниту еден Македонец го нема постигнато овој голем успех во едно вакво европско натпреварување.
Младиот Бузалковски изјави дека ја минал најдолгата сезона во нивната кариера, а конкуренцијата била голема и навистина сериозна.
„Чест и задоволство беше да се бориме со тие тимови и да пробаме да се измешаме помеѓу најдобрите, иако немавме доволно тренинг на стазите коишто ги возевме (бидејќи секоја од стазите е на +1000 километри). Огромна благодарност до сите кои ме поддржаа и ми ја дадоа довербата, благодарност до сите спонзори и поддржувачи, и до мојот официјален спонзор Компанијата Велкоски за целокупната поддршка сите овие години. Продолжуваме уште појако, мала пауза и почнуваме со подготовки за следната сезона!“ – вели Бузалковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА