Македонија ја брани честа на балканскиот ракомет, Хрватска и Словенија елиминирани

Неколку од репрезентациите кои беа меѓу фаворитите за висок пласман не успеаја да стигнат до завршницата на Светското младинско ракометно првенство во Алжир. Меѓу оние што беа елиминирани во осминафиналната фаза се и репрезентациите на Хрватска и на Словенија, по што Македонија остана единствената селекција што ќе ја брани честа на балканскиот ракомет во четвртфиналето на СП (У21). Хрватите кои во групната фаза беа без пораз, во осминафиналето беа елиминирани од Русија (25-34). Словенците пак по продолженија беа минимално поразени од Унгарија (25-26).

Во завршницата на СП, очекувано продолжува актуелниот светски младински првак Франција, која е следен противник на Македонија на овој мундијал. Елиминаторната осминафинална фаза ја поминаа сите четири селекции од групата Ц – Шпанија, Македонија, Русија и Тунис.

cetvrtfinale sp(u21)

Четвртфиналните натпревари на СП (У21) се играат утре. Дуелот меѓу Македонија и Франција е со почеток во 19.30 часот.

sema sp

 

Се вчитува...