Македонија ја чека полн „Олимпико“ во Торино: Продадени досега 21.000 од билетите!

Македонија ја чека полн „Олимпико“ во Торино вечерва од 20:45 часот во квалификацискиот натпревар со Италија за пласман на Светското првенство 2018 во Русија.

Како што информираат од Италијанската фудбалска федерација, до вчера до 20 часот, продадени се 21.000 од билетите во продажба. А, за домашните навивачи пуштени се вкупно 26.000 билети, што значи останати се уште 5.000 билети кои денеска ќе бидат активирани во продажба од 12 часот.

Вкупниот капацитет на Олимпискиот стадион во Торино е 27.958 седишта, од кои 2.000 се оставени како можност за продажба за македонските навивачи.

Според најавите се очекува околу 500 Македонци, кои работат и живеат во Италија но и соседна Швајцарија, вечерва да бидат со поддршка за македонските репрезентативци во Торино.

Се вчитува...