Србија загуби во трилер-драма од полуфиналето против Шпанија со 42-38, во атрактивна пресметка со дури 80 погодоци.
Првото полувреме во Оран беше релативно изедначено, двете селекции се менуваа во водството и на пауза се замина со минимални 22-21.
Сепак, Шпанија се покажа како подобра во клучните моменти во второто полувреме, па се одлепи и запиша победа.
По ваквиот исход, за медитеранската бронза така ќе се судрат Македонија и Србија. Пресметката против соседите во Алжир ќе се одигра в среда со почеток од 12.30 часот. Шпанците, пак, против силниот Египет ќе се судрат за златниот медал на овој собир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА