Македонската кошарарска репрезентација до 20 години ја забележа првата победа на Европското првенство во „Б“ дивизија кое се одржува во Ерменија откако во третиот натпревар на шампионатот славеше против Грузија со 92-84.
„Црвено-жолтите“ го наметнаа темпото уште од самиот страт на средбата со ефективна игра во нападот реализирајќи 31 поен наспроти 22 на противникот, а комотната преднсот ја задржаа до самиот крај. На полувремето преднсота изнесуваше 56-35 па дилемите за победник беа решени и покрај налетот на Грузиците во вториот дел од средбата.
Со 18 поени лидер на македонскиот состав беше Ќириловски, додека него го следеше Луканоски со 17. Иванов постигна 14, додаде Стојковиќ и Ангелов постигнаа по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

